Официјално: Вардар се засили со францускиот среден бек Матео Фадуил

РК Вардар го договори ангажманот на францускиот среден бек Матео Фадуил, кој од следната сезона ќе го носи дресот на „црвено-црните“, соопштија од клубот.

Прегледи:

Датум:

РК Вардар го договори ангажманот на францускиот среден бек Матео Фадуил, кој од следната сезона ќе го носи дресот на „црвено-црните“, соопштија од клубот.

Фадуил има 23 години, настапува на позицијата среден бек, а во Вардар доаѓа од француски Трембле, клуб во кој игра од 2022 година.

Во целата досегашна кариера играл во Франција. Во своите помлади години беше дел од системот на Нант, каде се развиваше како еден од интересните млади ракометари, а претходно во кариерата настапувал и за Кретеј и Саран.

Во актуелната сезона Фадуил е дел од Трембле, каде продолжи да се наметнува со своите настапи во едно од најсилните европски првенства. Тој е стандарден првотимец на францускиот клуб, а сезонава повторно имаше забележителни настапи во домашното првенство.

Во сезоната 2025/26, Матео Фадуил е еден од најважните играчи на Трембле. Според официјалната статистика на француската лига, тој има 160 гола од 266 шута, односно 60,15 проценти реализација, со што во моментот е 4. стрелец во целата француска лига.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Изненадување на сезоната: Гасли ја освои пол-позицијата во Монца

Пјер Гасли го направи изненадувањето на сезоната во Формула...

🎥Аматеризам: Милиметри ги делеа Сити и Донарума од бизарен автогол

Голманот на Манчестер Сити, Џанлуиџи Донарума, речиси направи кардинална...

Нов удар за Реал Мадрид: Кукуреља неизвесен за натпреварот со Интер во Лигата на шампионите

Брилијантниот лев бек на Реал Мадрид, Марк Кукуреља, беше...