Охрид брани +9 во Прага, Ојлески: Одиме како да е 0:0

Третопласираната екипа во македонското првенство, ГРК Охрид, брани +9 во вториот натпревар од осминафиналето на Купот на ЕХФ во Прага овој викенд против Дукла.

Прегледи:

Датум:

Третопласираната екипа во македонското првенство, ГРК Охрид, брани +9 во вториот натпревар од осминафиналето на Купот на ЕХФ во Прага овој викенд против Дукла.

Македонскиот репрезентативец и капитен на тимот, Гоце Ојлески најавува сериозен пристап кон натпреварот:

„Првиот натпревар го добивме со девет гола разлика. Можеби требаше да направиме повеќе, но имавме мал пад во финишот од натпреварот. Не можам да кажам дали ќе биде доволно – дефинитивно е нов натпревар, почнуваме од 0:0 и одиме во Прага за да играме добро, без да размислуваме за гол-разликата. Се подготвуваме најдобро што можеме и сигурен сум дека ќе одиграме уште еден квалитетен натпревар и ќе извојуваме уште една победа. Дукла се покажа како борбен тим кој не се предава. Знаеме дека ќе биде тежок натпревар, домаќинот ќе сака да победи, па затоа мора да влеземе со „ладна“ глава и да ја играме нашата игра. Тоа е единствениот начин да стигнеме до следната фаза“, рече искусниот крилен напаѓач.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...