Синер по поразот во Доха: Во мал пад сум, но тоа не ме загрижува

Италијанскиот тенисер Јаник Синер го заврши учеството на турнирот во Доха откако загуби од Чехот Јакуб Меншик со 2:1 (6:7, 6:2, 3:6) во четвртфиналето.

Прегледи:

Датум:

Италијанскиот тенисер Јаник Синер го заврши учеството на турнирот во Доха откако загуби од Чехот Јакуб Меншик со 2:1 (6:7, 6:2, 3:6) во четвртфиналето.

Синер беше поразен од Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Австралија Опен, а не успеа да го освои ниту трофејот во Доха, па признава дека е во мал пад.

„По две фантастични години, сега сум во мал пад, но тоа не е нешто што ме загрижува. Знам како да се извлечам од тоа. Знам дека можам да играм подобро, но Јакуб беше одличен и сервираше брилијантно. Тенисот секогаш има свои подеми и падови, па ќе се обидам да ја подобрам мојата форма во Индијан Велс. И претходно сум поминал низ кризи и секогаш знаев како да се вратам“, рече Синер по поразот од Меншик.

Се очекува Италијанецот да настапи на Индијан Велс.

„Немам проблем, едноставно играше одлично. Сервираше фантастично. Имав две или три погрешни одлуки, но тоа се случува. Клучот за поразот беше мојот лош почеток на третиот сет. Не е ништо драматично, само изгубив неколку гемови. Се надевам дека ќе биде подобро во Индијан Велс, иако секогаш имам некои проблеми таму. Од друга страна, Мајами ми одговара повеќе“, истакна Синер.

Тој зборуваше за своите цели за оваа сезона.

„Сакам да го освојам Ролан Гарос. Морам да се сетам дека во последните две години добив многу натпревари, а изгубив само неколку. Сето ова е нормално во тенисот и се надевам дека наскоро сè ќе си дојде на свое место“, заклучи Синер.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...