Oхрид го победи Вардар и го освои турнирот „Крсте Андоновски“

ГРК Охрид го совладаа РК Вардар 1961 со 29-27 вечерва во финалето на „Крсте Андоновски“ и го освоија турнирот.

Прегледи:

Датум:

ГРК Охрид го совладаа РК Вардар 1961 со 29-27 вечерва во финалето на „Крсте Андоновски“ и го освоија турнирот.

Домаќините го диктираа темпото речиси во текот на целиот меч, но иако Вардар се приближи на крајот резултатски, сепак не успеа да се избори за пресврт.

Тренерот на „црвен-црните“, Иван Чупиќ вечерва имаше ослабен состав, откако не можеше да смета на Малус, Јанковски, Лазаревски и Да Силва.

Третото место на турнирот му припадна на Загреб, кој беше подобар од Тримо Требље.

За најдобар дефанзивец беше прогласен Марко Мамиќ од Загреб, додека признанието за најдобар стрелец му припадна на Абделрахман Ашраф од јуниорската репрезентација на Египет.

Најдобар голман беше Дино Славиќ од Охрид, а МВП признанието го доби неговиот соиграч Доминик Мате, кој воедно беше и најефикасен во финалето со 6 постигнати гола.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Рилски посегна по најдобриот адут на ТФТ: Секу Сила заминува од Тафталиџе

ТФТ ќе мора да бара ново решение под кошевите....

Лазаров останува во Европа: Алкалоид загуби во Велење, но го исполни планот

Алкалоид ќе игра во осминафиналето на ЕХФ Европскиот куп,...

🎥 Рома не се предава, Мален и Суле ја доближија „волчицата“ до Лацио

Римските клубови продолжуваат да го диктираат темпото во Серија...

🎬 Реал загуби, Барса казни: пет гола на „Риазор“ за цврсто лидерско место

Барселона ја искористи шансата што ѝ се отвори по...