РК Пролет 62 се повелкува од Супер лигата

Ракометниот клуб Пролет 62 соопшти дека поради завршувањето на договорот со нивниот долгогодишен генерален спонзор, донесена е одлука да се повлечат од натпреварувањето во Супер лигата за претстојната сезона.

Прегледи:

Датум:

Ракометниот клуб Пролет 62 соопшти дека поради завршувањето на договорот со нивниот долгогодишен генерален спонзор, донесена е одлука да се повлечат од натпреварувањето во Супер лигата за претстојната сезона.

Оваа одлука, според тимот, е донесена со цел да се зачува стабилноста и иднината на клубот. „Веруваме дека во овој момент најодговорен чекор е да не преземаме финансиски обврски кои не би можеле целосно и навремено да ги исполниме“, стои во соопштението.

РК Пролет 62 ќе продолжи со развој на млади ракометари и продолжување на традицијата која клубот ја гради веќе 64 години. Клубот ќе продолжи да се натпреварува во Првата лига, а во наредниот период нивен главен приоритет ќе биде пронаоѓање нов генерален спонзор кој ќе овозможи повторно враќање во Супер лигата.

„Уверени сме дека ова е само еден тежок период кој, со заедничка поддршка и нов партнер, ќе го надминеме и повторно ќе го вратиме Пролет таму каде што припаѓа“, велат, меѓу другото, од РК Пролет 62.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...