РФМ изрече санкции за дуелот Охрид-Алкалоид: Едномесечна суспензија за судиите, казни за службените лица

Комисијата за натпревари при Ракометната федерација на Македонија донесе одлука во врска со настаните на мечот помеѓу Охрид и Алкалоид, кое заврши без победник -27:27

Прегледи:

Датум:

Комисијата за натпревари при Ракометната федерација на Македонија донесе одлука во врска со настаните на мечот помеѓу Охрид и Алкалоид, кое заврши без победник -27:27.

Дисциплинското тело на РФМ ја суспендираше судиската двојка Божиновски-Начевски на еден месец. По овој натпревар, скопскиот тим испрати официјална жалба до РФМ, која вроди со плод.

„Дисциплинската комисија на РФМ им изрече дисциплинска санкција на службените лица Божиновски и Начевски (судии) – забрана за вршење на нивните функции во период од 30 (триесет) дена, согласно Кодексот со неговите основни принципи, член 1 и во согласност со член 23, што е во корелација со член 16 од ДП на РФМ“, се вели во соопштението.

Дополнително, дисциплинските органи им изрекоа парична казна од 40.000 денари на Горан Минов, член на управниот одбор на Алкалоид, како и на Славчо Ристески, член на управниот одбор на ГРК Охрид, кои ќе платат 25.000 денари.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...