Вардар потпиша со египетскиот репрезентативец Абделхак

Ракометниот клуб Вардар го засили својот тим со ангажманот на десниот бек Мохаб Абделхак, еден од најперспективните египетски ракометари од својата генерација.

Прегледи:

Датум:

Ракометниот клуб Вардар го засили својот тим со ангажманот на десниот бек Мохаб Абделхак, еден од најперспективните египетски ракометари од својата генерација.

Станува збор за леворак бек кој доаѓа од германскиот гигант Кил, а зад себе веќе има сериозно меѓународно искуство и настапи на високо ниво и покрај младата возраст. Абделхак е роден на 20 јануари 2003 година во Каиро, игра на позицијата десен бек и е дел од сениорската репрезентација на Египет.

Првите големи чекори ги направи во Ал Ахли, еден од најтрофејните клубови во Египет, а потоа следуваше трансфер во француски Ним, каде што продолжи да се развива во едно од најквалитетните европски првенства. Добрата игра во Франција му донесе и трансфер во Кил, клуб кој официјално го претстави како млад египетски репрезентативец и значајно засилување за составот.

„Овој трансфер во РК Вардар претставува огромен чекор напред во мојата кариера и горд сум што доаѓам во клуб со толку силна историја и амбиција. Возбуден сум што ќе ја развивам својата игра, што ќе се натпреварувам на повисоко ниво и што ќе го дадам максимумот за тимот. Моите очекувања се да напредувам секој ден и да придонесам за заеднички големи резултати“, изјави Абделхак.

Со неговото доаѓање, Вардар добива играч со силен шут, современ профил за десен бек и ракометар кој веќе почувствувал што значи настапување во врвни европски клубови и натпреварувања. Воедно, клубот добива и дополнителна ширина во ростерот за предизвиците што следуваат, стои во соопштението на скопскиот тим.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Атлетико прифатил понуда од Арсенал за својата аргентинска ѕвезда?

Хулијан Алварез се најде во центарот на трансфер сагата...

Џошуа планира да остане во рингот уште 3 години

Ентони Џошуа, 36, би можел да биде во рингот...

Семејството Митал ја поддржува понудата за Ливерпул што може да доведе до голема промена

Инвестициска група предводена од Амит Батија (зет на челичниот...

Блатер повторно го нападна Инфантино: Да го вратиме фудбалот на ново водство

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, го повтори својот...