🔞📽️📸 Хорор старт на голманот на Атлетико врз Фермин – играчот на Барса заврши облеан во крв

Вистинска драма се случи синоќа во Мадрид каде што Атлетико Мадрид успеа да го зачува водството од првиот натпревар и да ја елиминира Барселона од четвртфиналето на Лигата на шампионите

Прегледи:

Датум:

Вистинска драма се случи синоќа во Мадрид каде што Атлетико Мадрид успеа да го зачува водството од првиот натпревар и да ја елиминира Барселона од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Барселона го отвори натпреварот против Атлетико жестоко и поведе со 2-0 по само 25 минути, со што ја надомести негативата од првиот натпревар.

Фермин Лопез беше блиску до целосен пресврт на натпреварот, имајќи одлична шанса да го зголеми резултатот на 3-0, но не успеа да го реализира ударот од блиску. По неговиот удар со глава, голманот на Атлетико, Хуан Мусо, направи одлична одбрана, а во акцијата што следеше имаше жесток судир, откако Мусо го погоди Лопез со копачка во носот.

Играчот од средниот ред на Барселона остана да лежи на тревата, обилно крварејќи, а медицинскиот персонал веднаш истрча на теренот за да му помогне. Во тој момент, тренерот Ханси Флик веќе го испрати Маркус Рашфорд на загревање.

Сепак, по кратка пауза, дојде олеснување за гостите, бидејќи Лопез успеа да ја продолжи играта откако крварењето престана.

Но, шокот за Барселона дојде речиси веднаш. Атлетико го искористи моментумот и го намали резултатот на 2:1, што дополнително ја искомплицира драмата. Во тој момент, на Барселона ѝ беше потребен уште еден гол за барем да избори продолженија.

Тие не успеаја да го сторат тоа, а победата и место во полуфиналето има припаднаа на „јорганџиите“.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Нов дебакл на ПСЖ: Ова не им се случило повеќе од 20 години

Фудбалерите на Монако направија голем пресврт во дербито од...

Модриќ ќе продолжи да игра за Хрватска

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација, Лука Модриќ, ќе биде...

Хамилтон загрижен пред Монца: Ферари сè уште губи многу на правците

Луис Хамилтон верува дека Ферари направил чекор напред со...

КК Маџари се ребрендира во КК СКОПЈЕ

КК Маџари го промени името во КК СКОПЈЕ, соопштија...