ПАДНА МЕЛСУНГЕН: Вардар со прва победа во главната фаза од Европската лига

Ракометниот клуб Вардар 1961 ја забележа својата прва победа во главната фаза од Европската лига на ЕХФ.

Прегледи:

Датум:

Ракометниот клуб Вардар 1961 ја забележа својата прва победа во главната фаза од Европската лига на ЕХФ.

Десеткуваниот Мелсунген беше достоен ривал на екипата на Иван Чупиќ но загуби со 37:33 (18:19), а скопскиот тим освои вредни бодови во борбата за место во ТОП 12 или четвртфиналето од второто најдобро европско клупско натпреварување.

Во триумфот пред 3.500 гледачи во салата „Јане Сандански“, кој потсети на некои славни времиња на „црвено-црниот“ тим, се истакнаа Јака Малуш со десет гола и Вукашин Воркапиќ со девет, додека Полјакот Михал Валах продолжи со добри игри (14 одбрани).

Стефансон постигна 12 гола за гостите.

Во вториот натпревар од групата, Бенфика славеше на гости кај Кристијанштад со 38:34 и со тоа направи голем чекор кон освојување на второто место во групата.

Standings provided by Sofascore

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...