ЛШ: Бодо/Глимт го живее сонот, Атлетико пресилен за Бриж

Денес беа одиграни првите четири реванш натпревари од плејофот од Лигата на шампионите. По нив, сега ги знаеме имињата на првите четири тима што го прескокнаа ова коло и се пласираа во 1/8-финалето на турнирот

Прегледи:

Датум:

Денес беа одиграни првите четири реванш натпревари од плејофот од Лигата на шампионите. По нив, сега ги знаеме имињата на првите четири тима што го прескокнаа ова коло и се пласираа во 1/8-финалето на турнирот. Тоа се Атлетико Мадрид, Бодио/Глимт, Њукасл и Баер Леверкузен.

Големата сензација дојде од „Џузепе Меаца“, каде што Бодио/Глимт го победија Интер со 2:1 и го елиминираа минатогодишниот финалист во оваа фаза од турнирот.

Атлетико Мадрид покажа класа во реваншот и го победи Бриж со 4:1, со што на неоспорен начин се квалификуваше за 1/8-финалето.

Немаше изненадувања во натпреварот помеѓу Баер Леверкузен и Олимпијакос, а „аспирините“ продолжија понатаму по реми без голови.

Њукасл и Карабаг повторно ги воодушевија неутралните навивачи со многу голови, а овој пат победата им припадна на „страчките“ со 3:2 и така продолжуваат понатаму.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...