Црвена звезда објави неверојатни бројки: Клубот е во плус од 11 милиони евра

Црвена звезда го објави својот финансиски извештај за претходната календарска година на социјалните мрежи, а податоците покажуваат дека клубот ја завршил 2025 година со профит од 11 милиони евра.

Прегледи:

Датум:

Црвена звезда го објави својот финансиски извештај за претходната календарска година на социјалните мрежи, а податоците покажуваат дека клубот ја завршил 2025 година со профит од 11 милиони евра.

Најголемиот дел од приходите се генерирани од трансфери на играчи, што му донело на клубот 68 милиони евра. Значителен износ дошол и преку бонуси од УЕФА за резултати во европските натпреварувања, вкупно 20 милиони евра, додека 10 милиони заработиле од спонзорства.

Приходите од продажба на билети изнесувале четири милиони евра. Во образложението на објавените податоци, Црвена звезда изјави дека финансискиот резултат го потврдува стабилното работење на клубот.

„Фудбалскиот клуб Црвена звезда оствари значителен вкупен приход во 2025 година, при што најголемиот дел од средствата се генерирани од трансфери на играчи. Покрај тоа, клубот остварил приход и од бонуси од УЕФА, договори за спонзорство, како и од продажба на билети. Откако ги покри сите оперативни трошоци, годината заврши со добивка, што го потврдува стабилното и одговорно финансиско работење на клубот, објави белградскиот клуб.

Финансискиот извештај покажува дека Црвена звезда продолжува во голема мера да се потпира на приходите од продажба на играчи, но и дека европските настапи и комерцијалните договори играат важна улога во одржувањето на позитивниот бизнис.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...