Реал Мадрид направи неверојатна зделка: Продаде играч без да одигра ниту една минута за 10 милиони

Во последните години, Реал Мадрид покажа дека не е само клуб што троши огромни суми на засилувања. „Кралскиот клуб“ заработува сериозни пари со продажба на млади играчи од својата академија, а најновиот договор му донесе дури 10 милиони евра

Прегледи:

Датум:

Во последните години, Реал Мадрид покажа дека не е само клуб што троши огромни суми на засилувања. „Кралскиот клуб“ заработува сериозни пари со продажба на млади играчи од својата академија, а најновиот договор му донесе дури 10 милиони евра.

Џакобо Ортега, 20-годишен напаѓач кој не одиграл ниту една минута за првиот тим на Реал Мадрид, ќе ја продолжи кариерата во француски Стразбур. Трансферот беше договорен за 10 милиони евра, при што Реал го задржува правото на 30 проценти од износот од неговата идна продажба.

Ова го направи Ортега најголемата продажба на Реал меѓу играчите кои никогаш не играле за првиот тим на мадридските гиганти.

Стразбур првично понуди осум милиони евра за младиот напаѓач, но Реал ја отфрли таа понуда. Преговорите продолжија, а клубовите на крајот постигнаа договор за 10 милиони евра со гореспоменатите 30 проценти од следниот трансфер.

Сите детали се договорени меѓу Ортега и францускиот клуб, па се очекува трансферот официјално да биде потврден во текот на денот. Ортега играше за Б и Ц тимовите на Реал Мадрид и за младинскиот тим минатата сезона. Тој одигра вкупно 56 натпревари, постигна 18 гола и забележа две асистенции.

Неколку шпански клубови покажаа интерес за 20-годишниот напаѓач, меѓу кои Елче особено се издвои. Сепак, Стразбур се појави како најдобра опција за продолжување на неговата кариера.

Францускиот клуб е во сопственост на Челси, а спортскиот директор Дејвид Вир особено инсистираше на доаѓањето на Ортега. Стразбур верува дека младиот напаѓач може да биде значително засилување во борбата за европските натпреварувања.

Реал така обезбеди 10 милиони евра без Ортега да има ниту еден настап за првиот тим, со можност за дополнителна заработка ако Стразбур еден ден одлучи да го продаде младиот напаѓач.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Доменикали: Моја должност е да го правам она што е најдобро за Формула 1

Стефано Доменикали изјави дека негова „должност“ е да се...

Анадолу Ефес го доведе најдобриот стрелец на Еврокупот

Анадолу Ефес го комплетираше својот состав за новата сезона...

Патрик Беверли има нов клуб: Поранешниот НБА играч ја продолжува кариерата во Франција

Патрик Беверли нема намера да стави крај на својата...

Бредли Бил ќе игра за Лос Анџелес Клиперс и следната сезона

Бекот Бредли Бил се согласи на двегодишен договор од...