🎥Чудни се патиштата фудбалски: Прославениот ас на Јунајтед стана готвач на TikTok

Двократниот шампион на Англија со Манчестер Јунајтед, Хавиер Ернандез, попознат како Чичарито, ги изненади фановите кога почна да објавува видеа од кујната

Прегледи:

Датум:

Двократниот шампион на Англија со Манчестер Јунајтед, Хавиер Ернандез, попознат како Чикарито, ги изненади фановите кога почна да објавува видеа од кујната.

Чикарито (37) неодамна ја заврши својата фудбалска кариера, но не му требаше долго да најде нова. Сепак, далеку од фудбалските терени, денес Мексиканецот прави нешто сосема неочекувано.

@chicha14_

El chicharito sandwich! (Receta no tan secreta)

♬ original sound – Javier "Chicharito" Hernández

Најдобриот стрелец во историјата на Мексико стана готвач и ги објавува своите видеа на TikTok. Ги замени своите фудбалски копачки за престилка и видео камера.

Во најновото видео, прославениот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Баер Леверкузен се посвети на правење своја верзија на миланскиот сендвич. Тој печеше говедско месо со сирење и авокадо, па дури и направи свое песто, целото врз тостирана чиабата.

@chicha14_

Hacer un sandwich no les trae memorias? 🥹 Quieres ver el video completo? Want to watch the full video?

♬ original sound – Javier "Chicharito" Hernández

Чикарито изгледаше воодушевен од резултатите од својата работа кога го пресече сендвичот на половина и го покажа делот, а исто така беше и дамата зад камерата, за која се претпоставува дека е негова сопруга.

Мексиканецот е најдобар стрелец на сите времиња во својата земја, со 52 гола на 109 настапи, а играше и за Реал Мадрид. Две години играше за Вест Хем и Баер Леверкузен, покрај најдобрата епизода во Европа – две титули во англискиот шампионат со Манчестер Јунајтед.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Расел: Ферари сè уште е фаворит за Монца

Џорџ Расел го повтори својот став дека Ферари остануваат...

УЕФА ја казни Црвена Звезда поради Ратко Младиќ

Српскиот шампион Црвена Звезда е казнета од УЕФА за...

Нов дебакл на ПСЖ: Ова не им се случило повеќе од 20 години

Фудбалерите на Монако направија голем пресврт во дербито од...

Модриќ ќе продолжи да игра за Хрватска

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација, Лука Модриќ, ќе биде...