Роналдо и Меси заработиле вистинско богатство за рекламата на „Лего“

Четирите најголеми фудбалски ѕвезди на денешницата - Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор - ги здружија силите во нова рекламна кампања за „Лего“ која брзо стана вирален хит.

Прегледи:

Датум:

Четирите најголеми фудбалски ѕвезди на денешницата – Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор – ги здружија силите во нова рекламна кампања за „Лего“ која брзо стана вирален хит.

Кампањата е за промоција на специјални „Лего“ комплети создадени за Светското првенство, кое ќе се одржи ова лето, во јуни и јули, во САД, Мексико и Канада. Рекламата привлече големо внимание бидејќи на прв поглед ја прикажува познатата четворка како седи на иста маса и составува „Лего“ коцки.

Сепак, зад сцената има поинаква приказна. Меси, Роналдо, Мбапе и Винисиус никогаш не биле заедно за време на снимањето – секој од нив ги снимал своите сцени одделно, а сè подоцна било комбинирано во монтажна сесија.

И покрај ова, кампањата била исклучително скапа. „Лего“ инвестирале дури осум милиони долари во проектот, пишува beIN Sports, кој открива и колку заработил секој од фудбалерите.

Најголемиот дел му припадна на Кристијано Роналдо, кој заработи 3,5 милиони долари. Лионел Меси заработи 2,6 милиони долари, Килијан Мбапе 850.000 долари, додека Винисиус Жуниор доби 325.000 долари.

Разликите во хонорарите се објаснуваат со влијанието врз социјалните мрежи. Роналдо останува неоспорен крал на Инстаграм со 673 милиони следбеници, додека Винисиус, кој има најмала публика од четирите, има околу 60 милиони следбеници.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...