Винисиус Жуниор би можел да биде едно од најголемите имиња на летниот преоден рок. Според странските медиуми, преговорите за нов договор со Реал Мадрид се во застој веќе некое време, а таков исход отвори пат за сè погласни разговори за можен трансфер.
Бразилецот има договор со мадридскиот клуб до 2027 година, но бидејќи договор за продолжување не е ни блиску, раководството на Реал наводно сериозно ја разгледува можноста за продажба.
Претседателот на клубот, Флорентино Перез, тврдат истите извори, не сака да ризикува сценарио во кое една од најголемите ѕвезди на тимот би влегла во последната фаза од договорот без јасно решение. Затоа наводно не е исклучена опцијата за заминување ова лето, доколку пристигне понуда што би го задоволила мадридскиот клуб.
Манчестер Јунајтед наводно веќе се вклучил во целата приказна, сакајќи да го искористи застојот во преговорите и да ја доведе бразилската ѕвезда на Олд Трафорд.
TEAMtalk пишува дека претставниците на Винисиус веќе разговарале со луѓе од Јунајтед, како и со неколку други клубови од Премиер лигата. Според истиот извор, Манчестер Сити, Арсенал, Челси и Ливерпул се меѓу заинтересираните.
Интересот наводно не доаѓа само од Англија. Контакти се направени и со претставници на Пари Сен Жермен и Баерн, клубови кои финансиски би можеле да се справат со таков договор.
Ова е потенцијален трансфер кој би барал и огромна плата, со оглед на тоа што споменаната сума е повеќе од 500 илјади евра неделно.
Иако Винисиус наводно не го принудува своето заминување од Реал, исходот од ситуацијата би можел да го турне кон излезната врата. Клучот на спорот, според странските медиуми, лежи токму во финансиските барања.
По доаѓањето на Килијан Мбапе во 2024 година, Французинот стана најплатениот играч на Реал Мадрид. Винисиус сега, се тврди, сака договор кој би му плаќал дури и повеќе од неговиот соиграч.
Реал наводно му понудил околу 18 милиони евра годишно, но Бразилецот не се согласил со тоа. Неговото барање, според истите информации, е дури 28 милиони евра по сезона.
Доколку Реал се согласи на вакви услови, Винисиус би го добил највредниот договор во историјата на клубот, на исто ниво со најголемите ѕвезди кои го носеле дресот на мадридскиот гигант.
Затоа следните неколку недели би можеле да бидат клучни – или Реал и Винисиус ќе најдат заеднички јазик, или ќе се отвори вратата за еден од најзначајните трансфери на летото.


