🎬Синер славеше во финалето во Монте Карло: Италијанецот го победи Алкараз во два сета

Јаник Синер ја освои титулата на Мастерс турнирот во Монте Карло откако го победи Карлос Алкараз со 2-0 во сетови (7-6, 6-3) во финалето, во натпревар полн со пресврти и голема борба

Прегледи:

Датум:

Јаник Синер ја освои титулата на Мастерс турнирот во Монте Карло откако го победи Карлос Алкараз со 2-0 во сетови (7-6, 6-3) во финалето, во натпревар полн со пресврти и голема борба.

Самиот прв сет донесе неизвесност и голем број грешки на двете страни, дури 44 неизнудени. Алкараз имаше свои шанси, беше блиску до брејк во завршницата на сетот, но не ги искористи, што Синер го казни. Сетот отиде во тај-брејк, каде Италијанецот беше посмирен и славеше со 7-5, а крајот беше обележан со двојна грешка од Шпанецот.

Во вториот сет, Алкараз играше поагресивно и стигна до водство од 3-1, но Синер брзо одговори и го врати брејкот за 3-3. Тоа беше пресвртницата на натпреварот – Италијанецот потоа го подигна нивото на игра, ја презеде контролата и со уште еден брејк во осмиот гем поведе со 5:3.

Со сигурен сервис во следниот гем, Синер ја потврди својата доминација и го приведе натпреварот кон крај со резултат од 6:3, со што оствари голема победа и трофеј во Монте Карло.

Италијанецот со тоа ја потврди својата врвна форма, како и безбедно враќање на првото место на АТП ранг-листата, додека Алкараз, и покрај добриот отпор, остана без одговор во клучните моменти од натпреварот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...