📽️ Алкараз можеби ќе го пропушти Ролан Гарос: Состојбата е посериозна отколку што се мислеше

Карлос Алкараз, актуелниот освојувач на три Гренд слем титули, не е сигурен кога ќе се врати на теренот, но исто така најави дека можеби ќе мора да го предаде трофејот без борба

Прегледи:

Датум:

Карлос Алкараз, актуелниот освојувач на три Гренд слем титули, не е сигурен кога ќе се врати на теренот, но исто така најави дека можеби ќе мора да го предаде трофејот без борба.

Шпанскиот ас се повреди на турнирот во Барселона од кој мораше да се повлече. Се очекуваше дека брзо ќе се опорави, но потоа мораше да се откаже од Мастерсот во Мадрид.

Проблемите продолжуваат да се натрупуваат, па затоа имал неколку сериозни разговори со лекарите. Во моментов чека дополнителни тестови.

„Во професионалниот спорт секогаш има пречки, но наша обврска е да станеме посилни. Тестот што е пред мене е само еден во серијата. Ги направив првите прегледи, но мора да почекаме пред да го направиме вториот тест. Тоа е клучен преглед за да видиме како изгледа таа област по една недела одмор. Проценти? Не знам, во овој момент не можам ништо да кажам“, рече моментално вториот тенисер во светот.

Тој нагласи дека во моментов не е сигурен за ништо.

„Ќе видиме. Претстојните прегледи и тестови ќе бидат клучни. Ќе направиме сè што можеме за да се осигураме дека резултатите се добри. Сега е важно да бидеме трпеливи. Да бидеме многу трпеливи. Сега сме тука, чекајќи ги тестовите. Се надеваме дека малку по малку, тестовите се за неколку дена. Ќе видиме како е повредата. Се обидувам да останам позитивен, иако овие денови ми изгледаат предолги“, изјави Алкараз за шпанските медиуми.

Свесен е за ризикот што го носи играњето на Ролан Гарос ако не е целосно здрав.

„Како што реков, ме очекува долга кариера, многу години добар тенис. Форсирањето на себе си на овој Ролан Гарос би можело да ми наштети многу за идните турнири. Па ќе видиме што ќе кажат тестовите, сè зависи од нив. Подобро би се вратил малку подоцна, но целосно спремен, отколку порано и неспособен. Мора да бидеме внимателни, бидејќи кариерата на еден тенисер може да биде многу долга.“, додаде тој.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Атлетико прифатил понуда од Арсенал за својата аргентинска ѕвезда?

Хулијан Алварез се најде во центарот на трансфер сагата...

Џошуа планира да остане во рингот уште 3 години

Ентони Џошуа, 36, би можел да биде во рингот...

Семејството Митал ја поддржува понудата за Ливерпул што може да доведе до голема промена

Инвестициска група предводена од Амит Батија (зет на челичниот...

Блатер повторно го нападна Инфантино: Да го вратиме фудбалот на ново водство

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, го повтори својот...