Алкараз доби зелено светло за ваќање на теренот, ќе игра во Синсинати

Еден од најдобрите тенисери во светот, Карлос Алкараз, конечно ги реши проблемите со повредата на зглобот и е подготвен да се врати во натпреварувачкиот тенис, на задоволство на многу фанови.

Прегледи:

Датум:

Еден од најдобрите тенисери во светот, Карлос Алкараз, конечно ги реши проблемите со повредата на зглобот и е подготвен да се врати во натпреварувачкиот тенис, на задоволство на многу фанови.

Според шпанскиот весник „Ла Вердад“, повредата на десниот зглоб што го мачеше младиот Шпанец сега е целосно заздравена.

Ова е фантастична вест за светскиот тенис, со оглед на тоа што Алкараз отсуствува од теренот од април поради оваа сериозна повреда и беше принуден да пропушти големи турнири како Ролан Гарос и Вимблдон.

Каков е планот за враќањето? Откако медицинските прегледи потврдија дека зглобот е целосно закрепнат, тимот на Алкараз направи детален план за наредниот период. Планот е постепено да се зголемува оптоварувањето и интензитетот на тренингот, а целта е полека раката да се навикне на натпреварувачкиот ритам за да се избегне секаков ризик од повторување на повредата.

Тимот на Алкараз сега се фокусира на американската турнеја. Главната цел на Шпанецот е да се врати на Мастерсот во Синсинати следниот месец. Мастерсот во Синсинати се игра од 13 до 23 август и ќе биде главен и единствен вистински тест за Алкараз пред неговото појавување на последниот Гренд слем во сезоната, Отвореното првенство на САД.

Алкараз падна за едно место на АТП ранг-листата само оваа недела и сега е трет во светот, зад Јаник Синер и Александар Зверев.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...