Ферер: Алкараз може да ги повтори достигнувањата на Надал

Иако Јаник Синер поведе со победата во Монте Карло, Давид Ферер нема дилема - кога станува збор за земјена подлога, Карлос Алкараз сè уште е прв фаворит

Прегледи:

Датум:

Иако Јаник Синер поведе со победата во Монте Карло, Давид Ферер нема дилема – кога станува збор за земјена подлога, Карлос Алкараз сè уште е прв фаворит.

Поранешниот светски тенисер бр.3 верува дека Шпанецот има потенцијал да постигне историски подвизи.

„Ако има некој што може да го направи она што го направи Рафаел Надал и да ги освои сите турнири на земјена подлога – тоа е Алкараз“, рече Ферер.

Ферер нагласува дека клучот ќе биде менталната подготвеност за најголемите предизвици.

„Тој мора да дојде на Ролан Гарос целосно фокусиран за да ја одбрани титулата. Јасно е дека е фаворит.“

Додаде дека не е загрижен за флуктуациите во формата.

„Тој постојано се подобрува. Дури и кога победува, бара начин да ја подобри својата игра. Тоа е карактеристика на најголемите.“

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...