🎥Ѓоковиќ му се обрати на Надал среде финале: „Рафа, сакаш да играш?“

Прегледи:

Датум:

Големото финале на Австралија Опен се игра во моментов во Мелбурн на „Род Лејвер Арената“. Еден од најдобрите во историјата, Новак Ѓоковиќ и моментално најдобриот во светот Карлос Алкараз се борат за првиот Гренд Слем во сезоната.

Србинот има освоено 24 Гренд Слем титули и е апсолутен рекордер, додека Алкараз има освоено шест титули од „големата четворка“ за релативно кратко време.

Патем, трибините на „Род Лејвер Арената“ се полни со бројни познати личности од сите сфери на животот. Еден од оние што го гледаат натпреварот во живо е, исто така, еден од најдобрите во историјата на „белиот спорт“, Рафаел Надал.

@ausopen "Wanna play, Rafa?" 😄 #AusOpen #Djokovic #Nadal ♬ original sound – Australian Open

Шпанецот, кој има освоено 22 Гренд Слем титули во својата кариера, пред натпреварот рече дека ќе навива за својот сонародник Карлос Алкараз.

Интересен детаљ се случи за време на натпреварот, кога во еден момент Ѓоковиќ се сврте кон Надал и го праша:

„Рафа, сакаш да играш?“, на што Шпанецот само слатко се насмевна.

Потсетуваме дека во текот на претходните 15 години, Ѓоковиќ и Надал одиграа 60 натпревари, а Новак излезе како победник 31 пат.

Фото: Принтскрин/ТикТок

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...

Тренерот на Махачев за Пратес: Тој е вистински ѕвер!

Тренерот на Ислам Махачев, Хавиер Мендес, не го криеше...

Месина: Не можам да замислам дека НБА сака да ја колонизира Евролигата

Легендарниот тренер, Еторе Месина разговараше со италијанскиот весник „Газета...

Тенискиот свет во шок! Швјонтек нема да настапи на завршниот ВТА турнир!

Ига Швјонтек се повлече од турнирот ВТА 500 во...