Контроверзниот Грин: „Како црн маж во Америка, не може белец да ми става рака во лице“

Прегледи:

Датум:

Еден од најдобрите дефанзивци во НБА, но и еден од најконтроверзните играчи што некогаш играле на терените на најсилната кошаркарска лига во светот, Дрејмонд Грин, го обвини судијата Џ.Т. Ор дека му доделил техничка грешка откако му рекол да не му ја става раката во лице.
Тој нагласи дека е „бел“ судија.

Инцидентот се случи во петокот вечерта на домашен натпревар против Детроит Пистонс, во кој гостите победија со 131:124.

„Мислам дека е многу иронично што добив техничка грешка затоа што му реков на бел судија да не ја става раката во моето лице. Како црн маж во Америка, не ми ја ставај раката во лице“, им рече Грин на новинарите.

Според него, за време на расправијата, Ор му рекол: „Дрејмонд, ова е твојата шанса да престанеш да зборуваш со мене“, а Грин тврди дека судијата ја кренал раката во неговото лице. Сепак, емитуваната снимка не покажува дека судијата ја кренал раката во лицето на Грин за време на расправијата.

Грин беше лут и поради една ситуација во втората четвртина, кога, додека му викаше на судијата, беше држен од дефанзивец и не успеа да фати додавање, кое потоа го изгуби во аут-полето. По тајмаутот, тој ја продолжи расправијата со судијата додека одеше кон клупата, а потоа доби техничка грешка.

„И му реков: „Еј, не ми ја ставај раката во лице“. И добив техничка казна. Тоа беше најинтересното нешто во текот на целата вечер“, додаде Грин, продолжувајќи со својата критика дека почитта е „двонасочна улица“.

„Секој сака да зборува за потребата да се држи линијата на почит. Таа линија мора да биде валидна во двата правци. Ако нема да биде валидна во двата правци, тогаш ниту јас нема да ја држам, бидејќи сите сме мажи и сите можеме да донесуваме одлуки и да избираме. Нека биде последен пат тоа да се случи“, рече тој.

Фото: Принтскрин/NBC Sports Bay Area

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...