Ѓорческа елиминирана во второто коло на турнирот во Порторож

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ИТФ турнирот што се игра во словенечкиот град Порторож и е со награден фонд од 60.000 долари

Прегледи:

Датум:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ИТФ турнирот што се игра во словенечкиот град Порторож и е со награден фонд од 60.000 долари. Таа во мечот од второто коло денеска загуби од Катарина Завацка од Украина со 2:0 во сетови (6:2 и 6:0) за 69 минути игра.

Ѓорческа водство имаше само на стартот од мечот го освои првиот гем, кога воедно успеа да направи и брејк, но потоа следуваше и серија од четири гема за ривалката која поведе со 4:1. Во продолжение Ѓорческа освои уште еден гем за сетот украинската тенисерка да го заврши со 6:2 во гемови. Во вториот сет македонската тенисерка не успеа да освои ниту еден гем.

Ѓорческа следниот турнир треба да го игра во германскиот град Висбаден на ИТФ турнир W100, каде според моментната состојба е на листата за квалификации.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...