Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на ВТА 125 турнирот во Мадрид

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа утре ќе игра во четвртфиналето на ВТА 125 турнирот во Мадрид

Прегледи:

Датум:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа утре ќе игра во четвртфиналето на ВТА 125 турнирот во Мадрид. Таа до оваа рунда на турнирот, кој се игра за награден фонд од 100.000 евра стигна откако во денешното осминафинале нејзината ривалка Алина Корнеева од Русија (осма носителка) и го предаде мечот во вториот сет по 50 минути игра.

Противничката го доби првиот сет со 6:3 во гемови, а притоа успеа да направи два брејка во третиот и во деветтиот гем. Притоа ја искористи третата сет топка. На стартот на вториот сет Ѓорческа направи брејк и потоа ривалката го предаде мечот.

Во следното коло (четвртфинале) македонската тенисерка ќе игра против Лиса Пигато од Италија (189 ВТА листа), која со пресврт ја совлада Лаура Самсон од Чешка со 2:1 во сетови, иако губеше со 0:1.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...