Ѓорческа со победа стартуваше на ВТА 125 турнирот во Мадрид

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја мина првата пречка на ВТА Челинџерот 125 турнирот во Мадрид откако денеска ја Јапонката Сара Саито со 2:0 во сетови (6:4 и 6:4) за 90 минути игра

Прегледи:

Датум:

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја мина првата пречка на ВТА Челинџерот 125 турнирот во Мадрид откако денеска ја Јапонката Сара Саито со 2:0 во сетови (6:4 и 6:4) за 90 минути игра. Во следното коло Ѓорческа ќе игра против Русинката Алина Корнеева (осма носителка), која со 2:0 во сетови (6:3 и 6:3) ја победи Шпанката Марија Гарсија.

На стартот од денешниот меч Ѓорческа и Саито загубија по два гема на свој сервис, а потоа македонската тенисерка дојде до предност од 4:3. Саито намали на 5:4 во гемови, но во следниот гем Ѓорческа по 14 одиграни поени ја искористи четвртата брејк-топка и поведе со 1:0 во сетови. Во следниот сет до 3:2 за Ѓорческа немаше брејк, а потоа во следните пет гема ниту една тенисерка не успеа да освои гем на свој сервис, а притоа Ѓорческа на свој сервис во деветтиот гем не ја реализираше првата меч топка. Но, во последниот гем на сервис на противничката на сигурен начин дојде до потребниот гем и го доби и вториот сет со 6:4.

Наградниот фонд на турнирот е 100.000 евра.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...