Алкараз: Ќе го изгубам првото место во светот

Јаник Синер би можел да се врати на првото место на АТП листата по Мастерсот во Монте Карло, а Карлос Алкараз вели дека е свесен дека веројатно ќе го изгуби тронот во догледна иднина

Прегледи:

Датум:

Јаник Синер би можел да се врати на првото место на АТП листата по Мастерсот во Монте Карло, а Карлос Алкараз вели дека е свесен дека веројатно ќе го изгуби тронот во догледна иднина.

Во нивните први натпревари, во второто коло во Кнежевството, Синер лесно се справи со Амбер, а Алкараз со Баез.

„Искрено, ќе го изгубам првото место во светот. Не знам дали тоа ќе биде на овој турнир или на следниот. Имам многу поени за одбрана и ќе биде многу тешко да ги одбранам сите“, рече Алкараз, додавајќи: „Ако ги одбранам поените, Јаник ќе освои нови бидејќи нема што да брани. Ќе се обидам да играм најдобро што можам и ќе видиме што ќе се случи.“

Сепак, Алкараз нагласува дека во моментов не размислува за АТП листата, туку за играње на земјена подлога и остатокот од сезоната

„Првото место не ми е на ум во моментов. Се обидувам да се чувствувам што е можно подобро на земјена подлога и да видам како ќе помине овој дел од сезоната“, заклучи Алкараз.

Со титулата во Монте Карло, Синер повторно би бил број еден во светот. Второто сценарио е Синер да изгуби во финалето и Алкараз да не стигне до полуфиналето. Третото е Италијанецот да изгуби во полуфиналето и Шпанецот да не стигне до четвртфиналето.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...