Италија го добива првиот АТП турнир на трева

Италијанската тениска федерација објави дека земјата ќе биде домаќин на турнирот АТП 250 од 2028 година

Прегледи:

Датум:

Италијанската тениска федерација објави дека земјата ќе биде домаќин на турнирот АТП 250 од 2028 година.

Турнирот досега беше во сопственост на Белгија и ќе остане така до 2027 година со последното издание, пред да се пресели во Италија.

„Го презедовме турнирот АТП 250 во Брисел и тој ќе ни припадне од 2028 година. Сите документи се потпишани, само треба да ја платиме сумата во рок од 30 дена“, рече претседателот на Италијанската тениска федерација, Анџело Бираги, и нагласи дека ова ќе биде првиот турнир на трева на италијанска територија во историјата.

Постои голема експанзија во однос на тенисот во Италија поради резултатите што Јаник Синер ги постигнува во последните неколку години, па затоа оваа одлука не е изненадувачка.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...