Лехечка по поразот од Синер: „Ако веќе треба да загубам од некого, нека биде тоа од тебе…“

Јиржи Лехечка не успеа да ја освои титулата во Мајами, но по финалето покажа класа и спортски дух, оддавајќи му почит на Јаник Синер

Прегледи:

Датум:

Јиржи Лехечка не успеа да ја освои титулата во Мајами, но по финалето покажа класа и спортски дух, оддавајќи му почит на Јаник Синер.

Чешкиот тенисер, видливо разочаран, но смирен, им се обрати на присутните за време на церемонијата и нагласи дека и покрај поразот, имал многу причини да биде среќен.

„Не е лесно да се стои тука по ваков пораз во финалето. Ако веќе треба да загубам од некого, нека биде тоа од тебе, Јаник. Честитки до тебе и твојот тим за неверојатната работа што ја работиш. Мислам дека ова беше одличен турнир. Дојдов тука надвор од форма, а успеав да го пронајдам тенисот што сакам да го играм“, рече Лехечка, продолжувајќи:

„Благодарност до мојот тим… до сите мои пријатели таму. Тоа многу ми значи. На сите што ме поддржуваат дома, што ме гледаат на телевизија и навиваат цела недела – многу ми значи. Среќен сум и тажен во исто време. Се надевам дека следниот пат ќе го кренам трофејот.“

Со овој резултат, Лехечка го достигна најдобриот ранг во својата кариера и од понеделник е рангиран на 14-то место на АТП ранг-листата.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...