Најдолго отсуство во кариерата: По Ролан Гарос, Алкараз го пропушта и Вимблдон 

Вториот тенисер во светот, Карлос Алкараз, потврди дека нема да настапи ниту на Вимблдон, откако го пропушти претстојниот Ролан Гарос во Париз.

Прегледи:

Датум:

Вториот тенисер во светот, Карлос Алкараз, потврди дека нема да настапи ниту на Вимблдон, откако го пропушти претстојниот Ролан Гарос во Париз.

Алкараз се опоравува од повреда на десниот зглоб, која ја заработи во април за време на турнир во Барселона.

Поради повредата, тој ги пропушти турнирите во Мадрид и Рим, сега не е на Ролан Гарос, кој започнува следната недела, а потврди дека нема да настапи ниту на Вимблдон.

„Моето закрепнување напредува добро и се чувствувам многу подобро, но за жал сè уште не сум подготвен да играм и затоа морам да се повлечам од сезоната на тревни терени во Квинс и Вимблдон. Тоа се два навистина посебни турнири за мене и многу ќе ми недостигаат. Сè уште работиме на тоа да се вратиме што е можно поскоро!“ напиша Алкараз на социјалните мрежи.

На „Квинс“, Шпанецот мораше да одбрани 500 поени како актуелен шампион, а на „Вимблдон“ 1.300 поени за пласман во финалето.

Првичниот план на Алкараз беше да се врати за сезоната на трева, но сега очигледно мора да го продолжи враќањето.

Алкараз моментално се соочува со најдолгиот период на отсуство од теренот во неговата кариера досега. Ова ќе биде и прв пат Шпанецот да мора да пропушти два Гренд слем турнири поради повреда.

Досега, неговото најдолго отсуство траеше три месеци – помеѓу крајот на сезоната 2022 и почетокот на 2023 година.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...