Тензиите растат пред Ролан Гарос: Сабаленка ја прекина прес-конференцијата

Врвните тенисерки се изјаснија против намалувањето на нивниот удел во приходите на Ролан Гарос, кој започнува следната недела во Париз

Прегледи:

Датум:

Врвните тенисерки се изјаснија против намалувањето на нивниот удел во приходите на Ролан Гарос, кој започнува следната недела во Париз.

Последната форма на протест дојде денес, кога најдобрата тенисерка во светот Арина Сабаленка ја прекина прес-конференцијата и ја напушти просторијата со новинарите.

Како што објасни таа, не станува збор за неа и колку заработува, туку за борба за правата на играчите од понизок ранг.

„Целата поента овде не е за мене, туку за играчите кои се пониско на ранг-листата и кои страдаат. Не е лесно да се живее во овој тениски свет со процентот што го заработуваме. Но, како број еден во светот, чувствувам дека морам да се застанам и да се борам за тие играчи – за играчите од пониско ниво, за оние што се враќаат од повреди и за следната генерација. Чувствувам дека нашата поента е прилично јасна и прилично фер за сите. Тоа сме ние“, рече Сабаленка.

Таа им се извини на новинарите затоа што на крајот ја плаќаат цената за нивниот бојкот.

„Стојам зад моите зборови. Сакавме да го направиме тоа на почитувачки начин на почетокот и знаете колку ве почитуваме и цениме. Ова не е ваша одлука и не е до вас, ние само се бориме за фер процент“, додаде Сабаленка.

Ролан Гарос започнува во понеделник, а Сабаленка ќе игра против Џесика Бузас Манеиро од Шпанија во првото коло.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...