Турнирот на Ѓоковиќ исчезна од АТП календарот

Објавен е календарот за продолжението на 2026 и 2027 година, a на него нема еден значаен турнир, особено важен за регионот. Се работи за „Белград Опен“, турнир од АТП 250, кој минатата година се одржа во „ОАКА Арената“ во Атина, пипшува „Спорт клуб“.

Прегледи:

Датум:

Објавен е календарот за продолжението на 2026 и 2027 година, a на него нема еден значаен турнир, особено важен за регионот. Се работи за „Белград Опен“, турнир од АТП 250, кој минатата година се одржа во „ОАКА Арената“ во Атина, пипшува „Спорт клуб“.

Таа недела, која претставува премин помеѓу Мастерсот во Париз и АТП финалето (8-15 ноември), на програмата ќе биде познатиот турнир во Стокхолм.

Турнирот во Мец, кој се играше минатата есен во истата недела како и турнирот во Атина, исто така исчезна од календарот.

Директор на турнирот е Ѓорѓе Ѓоковиќ, помладиот брат на најдобриот српски тенисер – Новак Ѓоковиќ.

„Со години го организираме овој турнир во Србија. Во еден момент моравме да го преместиме од Белград во Бања Лука. Постојат оперативни процедури и логистика што мора да ги исполнат стандардите на АТП. ​​Оваа година не можевме да ги надминеме тешкотиите што ги имавме од логистички причини и стигнавме до точка каде што мораше да го преместиме турнирот. Беше многу тешко да се направи ова како Србин – роден сум и израснат во Белград. Беше тешко и затоа што почнавме да го организираме турнирот пред многу месеци, а потоа мораше да отфрлиме сè и да почнеме одново“, рече Ѓорѓе Ѓоковиќ.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...