Венус Вилијамс се враќа на Ролан Гарос на 45 години

Легендарната Венус Вилијамс ќе се натпреварува во женски двојки на овогодинешниот Ролан Гарос

Прегледи:

Датум:

Легендарната Венус Вилијамс ќе се натпреварува во женски двојки на овогодинешниот Ролан Гарос. Американката ќе игра заедно со Хејли Батист, тенисерка која е 21 година помлада од неа, потврдија организаторите на турнирот.

Вилијамс нема да игра во сингл, но ќе се врати на земјениот терен во Парис каде што остави голем белег во текот на својата кариера.

Седумкратната Гренд слем шампионка во сингл неодамна играше на Австралија Опен благодарение на посебна покана, каде што стана најстарата тенисерка во главниот ждреб на тој турнир.

Венус беше рангирана на првото место во светот и во сингл и во двојки во текот на својата кариера, а токму на Ролан Гарос играше едно од најголемите финалиња во својата кариера кога загуби од нејзината помлада сестра Серена во 2002 година.

Двете заедно освоија и две титули во двојки во Париз – во 1999 и 2010 година.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Атлетико прифатил понуда од Арсенал за својата аргентинска ѕвезда?

Хулијан Алварез се најде во центарот на трансфер сагата...

Џошуа планира да остане во рингот уште 3 години

Ентони Џошуа, 36, би можел да биде во рингот...

Семејството Митал ја поддржува понудата за Ливерпул што може да доведе до голема промена

Инвестициска група предводена од Амит Батија (зет на челичниот...

Блатер повторно го нападна Инфантино: Да го вратиме фудбалот на ново водство

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, го повтори својот...