Заработи над 200.000 долари на Ролан Гарос, но не може да земе ниту цент: Француски закон го блокира младиот тенисер!

Младата надеж на францускиот тенис, седумнаесетгодишниот Моиз Куаме, постигна огромен успех на овогодинешниот Ролан Гарос, но ќе мора да почека уште малку за да ги пожнее плодовите од својот труд

Прегледи:

Датум:

Младиот француски тенисер Моиз Куаме напиша една од приказните на денот на Ролан Гарос, откако го победи Парагвајецот Адолфо Даниел Валехо во спектакуларен натпревар од второто коло, со резултат од 6:3, 7:5, 3:6, 2:6, 7:6 (8).

Куаме, исто така, напиша историја со триумф во натпревар што траеше речиси пет часа. Моиз стана вториот најмлад тенисер што стигна до третото коло на еден Гренд слем турнир.

Но, има еден проблем. Иако на Парискиот Гренд Слем обезбеди заработка што (засега) надминува 200.000 американски долари, чек за оваа сума моментално не му е достапен поради ригорозните закони на неговата татковина.

Имено, во Франција, на сила е специфичен законски акт кој строго ги штити малолетните спортисти и нивните финансии. Според одредбите од овој закон, на професионалните спортисти под 18 години им е забрането директно да располагаат со наградните пари освоени на турнири и натпревари пред да наполнат полнолетство. Дотогаш, средствата се чуваат на посебна, заштитена сметка.

За младиот Куаме, ова практично значи дека нема да може да пристапи до сопствените пари до март следната година, кога официјално ќе го прослави својот 18-ти роденден. Оваа мерка е воведена за да се спречи потенцијалната експлоатација на малолетните спортисти и да се обезбеди дека тие имаат целосна контрола врз своите финансии кога ќе станат правно одговорни граѓани.

Тој ќе бара историски пласман во осминафиналето во дуел против Чилеанецот Алехандро Табиљо, кој се пласираше без борба, бидејќи Валентин Вашеро беше принуден да се повлече поради повреда.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Нов дебакл на ПСЖ: Ова не им се случило повеќе од 20 години

Фудбалерите на Монако направија голем пресврт во дербито од...

Модриќ ќе продолжи да игра за Хрватска

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација, Лука Модриќ, ќе биде...

Хамилтон загрижен пред Монца: Ферари сè уште губи многу на правците

Луис Хамилтон верува дека Ферари направил чекор напред со...

КК Маџари се ребрендира во КК СКОПЈЕ

КК Маџари го промени името во КК СКОПЈЕ, соопштија...