Зверев без притисок: „Не размислувам за мојот статус на фаворит“

Во борбата за полуфиналето, очекува дуел против Рафаел Ходаро

Прегледи:

Датум:

Александар Зверев се пласираше во четвртфиналето на Ролан Гарос откако го победи Јеспер де Јонг, потврдувајќи го својот статус како еден од главните фаворити во завршницата на турнирот.

По натпреварот, тенисерот зборуваше за притисокот што доаѓа со улогата на највисоко рангиран играч кој останал во ждрепката.

Тој нагласи дека не размислува за тој факт, туку дека неговиот фокус е исклучиво на следниот противник и секој следен натпревар.

– Не размислувам за тоа, фокусиран сум само на следниот натпревар. Бев фокусиран на Де Јонг, сега сум на Ходаро и се надевам дека ќе играм добро – рече Зверев.

Во борбата за полуфиналето, Зверев очекува дуел младиот Шпанец кој привлече внимание со одлични игри на земја и голем пресврт во претходното коло.

Германскиот тенисер истакна дека неговиот ривал го импресионира со својата агресивна игра и голем талент, но дека верува во своето искуство на најголемата сцена.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...