🎬Медведев го шокираше Алкараз и закажа финале на Индијан Велс против Синер

Рускиот тенисер Данил Медведев направи големо изненадување и се пласираше во финалето на Мастерсот во Индијан Велс откако го победи светскиот број еден Карлос Алкараз со 2-0 во сетови (6-3, 7-6) во полуфиналето.

Прегледи:

Датум:

Рускиот тенисер Данил Медведев направи големо изненадување и се пласираше во финалето на Мастерсот во Индијан Велс откако го победи светскиот број еден Карлос Алкараз со 2-0 во сетови (6-3, 7-6) во полуфиналето.

Медведев играше исклучително самоуверено од почетокот на натпреварот и направи брејк на почетокот од првиот сет за да поведе со 3-1. Тој ја одржуваше предноста без поголеми проблеми до крајот на сетот и поведе со 1-0.

Вториот сет донесе многу повеќе возбудувања. Алкараз го подигна нивото на игра и поведе со 3-1, но рускиот тенисер брзо се врати и израмни на 3-3, искористувајќи неколку грешки од шпанскиот ас.

Потоа натпреварот влезе во неизвесна завршница која беше решена во тајбрејк, каде што Медведев беше посмирен и на крајот славеше со 7-3 за конечни 6-3, 7-6.

По натпреварот, Медведев не го криеше задоволството од големата победа.

„Прекрасно чувство е да се игра против некој како Карлос. Игравме многу пати, понекогаш победуваш, понекогаш губиш. Тој е неверојатен играч – има врвни удари, одбрана, напад, сервис и ретурн. Мора да бидеш во најдобра форма, а денес бев. Сервирав добро и спасив клучни поени. Воодушевен сум што го победив толку силен противник“, рече Медведев, кој му го нанесе на Алкараз првиот пораз во сезоната и прв по 119 дена.

Во второто полуфинале, Италијанецот Јаник Синер лесно го победи Германецот Александар Зверев со 6:2, 6:4.

Синер доминираше во целиот натпревар, погодувајќи осум аса, 18 винери и правејќи значително помалку неизнудени грешки од својот ривал. Италијанецот уште еднаш ја потврди својата одлична форма на тврди терени и ја оствари својата шеста последователна победа против Зверев.

Така, Медведев и Синер ќе се сретнат во големото финале на престижниот турнир во Калифорнија, а дуелот е закажан за вечерва во 22 часот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо ја омаловажи победата на Бетис. Пелегрини му одговари

Тренерот на Бетис, Мануел Пелегрини, одговори на коментарите на...

Расел: Ферари сè уште е фаворит за Монца

Џорџ Расел го повтори својот став дека Ферари остануваат...

УЕФА ја казни Црвена Звезда поради Ратко Младиќ

Српскиот шампион Црвена Звезда е казнета од УЕФА за...

Нов дебакл на ПСЖ: Ова не им се случило повеќе од 20 години

Фудбалерите на Монако направија голем пресврт во дербито од...