📽️„Бернабеу“ како никогаш досега за Мастерсот во Мадрид

„Сантијаго Бернабеу“ повеќе не изгледа како стадионот што го знаеме – и многумина не можат да поверуваат што се појави на тревникот на познатиот дом на Реал Мадрид.

Прегледи:

Датум:

„Сантијаго Бернабеу“ повеќе не изгледа како стадионот што го знаеме – и многумина не можат да поверуваат што се појави на тревникот на познатиот дом на Реал Мадрид.

Како дел од Мастерсот во Мадрид, стадионот е опремен со земјен терен!

Ова отвора можност најголемите ѕвезди од АТП и ВТА турнеите да тренираат на еден од најпознатите спортски објекти во светот.

Организаторите ја претставија идејата како историски чекор напред.

„Поставувањето на земјен терен на „Бернабеу“ претставува единствена иницијатива што ги комбинира тенисот и едно од најзначајните места во светот“, се вели во соопштението.

Директорот на турнирот, Жерар Цобанијан, нагласи дека Мадрид повторно ги поместува границите.

„Со овој проект, ја креваме летвата и го позиционираме турнирот во посебна категорија.“

Реновираниот „Бернабеу“, во кој се инвестирани околу милијарда евра, веќе беше домаќин на разни спектакли – од фудбалски финалиња до натпревари од НФЛ – но ништо слично не е видено досега…И тоа среде еден од најголемите храмови на фудбалот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Билбао му одржаа лекција на Атлетико Мадрид

Фудбалерите на Атлетико Билбао му одржаа лекција на Атлетико...

Премиер лига: Халанд кобен за Ковентри, прв бод за Тотенхем

Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Ковентри со 1-0...

Бундеслига: Дортмунд и Елвесбург со пресврти, Лајпциг поразен

Борусија Дортмунд го победи Хофенхајм со 3-2 на гости,...

Изненадување на сезоната: Гасли ја освои пол-позицијата во Монца

Пјер Гасли го направи изненадувањето на сезоната во Формула...