📽️Најголем срам во кариерата: Медведев не доби еден гем против Беретини

Прегледи:

Датум:

Рускиот тенисер Данил Медведев беше поразен од Матео Беретини во второто коло на АТП турнирот во Монте Карло.

Беретини му го нанесе на Медведев најлошиот пораз што го доживеал во кариерата, бидејќи не доби ниту еден гем во текот на натпреварот (6:0, 6:0), што никогаш порано не му се случило.

Натпреварот траеше само 51 минута, а Русинот, покрај тоа што ги загуби сите гемови на свој сервис, не успеа да искористи ниту една од двете брејк топки во натпреварот.

Медведев никогаш не бил добар на земјени терени, но ваков пораз сигурно не беше очекуван, со оглед на тоа што е во добра форма и дека веќе има два трофеи оваа сезона (Бризбејн, Дубаи), а играше и во финалето на Мастерсот во Индијан Велс.

Русинот беше седми носител на турнирот во Кнежевството, а Беретини, кој е рангиран на 90-то место во светот, ќе игра во осминафиналето против победникот од натпреварот Жоао Фонсека – Артур Риндеркнес.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо ја омаловажи победата на Бетис. Пелегрини му одговари

Тренерот на Бетис, Мануел Пелегрини, одговори на коментарите на...

Расел: Ферари сè уште е фаворит за Монца

Џорџ Расел го повтори својот став дека Ферари остануваат...

УЕФА ја казни Црвена Звезда поради Ратко Младиќ

Српскиот шампион Црвена Звезда е казнета од УЕФА за...

Нов дебакл на ПСЖ: Ова не им се случило повеќе од 20 години

Фудбалерите на Монако направија голем пресврт во дербито од...