Доминација на Бечеки, Дукати без подиум за превпат од 2021 година

Возачот на Априлија, Марко Бечеки, триумфираше на Големата награда на Тајланд, со која започна годинашното првенство во Мото ГП.

Прегледи:

Датум:

Возачот на Априлија, Марко Бечеки, триумфираше на Големата награда на Тајланд, со која започна годинашното првенство во Мото ГП.

Италијанецот ја освои третата последователна победа во кариерата на патеката Чанг во Бурирам, станувајќи прв во историјата на Априлија што го сторил тоа. Бечеки се најде и на највисокото скалило на подиумот по 13-ти пат во кариерата, а седми пат во премиер класата.

Популарниот Беч ја помина целта пет секунди пред Педро Акоста, победникот на саботниот спринт, додека Раул Фернандес од Трекхаус беше на третото скалило на подиумот.

Трката беше обележана и со ситуација на шест круга до крајот, кога Марк Маркез мораше да се повлече поради проблем со гума што експлодира. Ова донесе крај на неверојатната серија на Дукати, бидејќи по 1.798 дена ниту еден возач од италијанскиот тим не стигна до подиумот. П

Претходната трка без Дукати на подиумот беше Големата награда на Велика Британија во 2021 година. Тој ден, возачот на Јамаха, Фабио Куартараро, триумфираше пред Алекс Ринс од Сузуки и Алеиш Еспаргаро, кој тогаш ги бранеше боите на Априлија.

Во времето на неговото повлекување, Маркез ја држеше четвртата позиција и беше во конкуренција за подиумот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Атлетико прифатил понуда од Арсенал за својата аргентинска ѕвезда?

Хулијан Алварез се најде во центарот на трансфер сагата...

Џошуа планира да остане во рингот уште 3 години

Ентони Џошуа, 36, би можел да биде во рингот...

Семејството Митал ја поддржува понудата за Ливерпул што може да доведе до голема промена

Инвестициска група предводена од Амит Батија (зет на челичниот...

Блатер повторно го нападна Инфантино: Да го вратиме фудбалот на ново водство

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, го повтори својот...