Четири млади македонски тенисери дел од развојниот шампионат во Анталија

Младите македонски тенисери до 14 години се дел од учесниците на развојните шампионати што се играат во Анталија, Турција. Оваа година Македонија ќе ја претставуваат: Андреј Темов, Василиј Закоски кај момчињата и Деа Крстевска и Ведрана Танеска кај девојчињата, соопшти Тениската федерација на Македонија (ТФСМ).

Прегледи:

Датум:

За време на престојот во Анталија ќе бидат одиграни два турнира, а мечевите на првиот стартуваат денеска. Од македонските тенисери во првото коло Андреј Темов, кој е рангиран како четврти носител е слободен, додека Василиј Закоски за прв ривал го има Самвел Геворгијан од Ерменија.

Деа Крстевска во првата рунда ќе игра против Јамила Хусензаге од Азербејџан, додека Ведрана Танеска за противничка ја има Раниа Хаџиева од Азербејџан.

Со тенисерите и тенисерките се и јуниорскиот капитен Круно Деспотовски и Тања Стојановска, заменик јуниорски капитен, додадоа од ТФСМ.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Паметен прстен како дел од тајната на успехот на Барселона

Пред Ел Класико, технологијата што ја користи каталонскиот клуб...

Премиер лига: Кои менаџери треба да бидат најмногу загрижени за отказ?

Менаџерите од Премиер лигата треба да бидат внимателни како...

Јокиќ: Навивачите кои нè исвиркуваа не се добредојдени

Никола Јокиќ ги предводеше Денвер Нагетс до голем пресврт...