Дукати: Маркез ќе биде 100 проценти подготвен за Херез

Светскиот шампион во Мото ГП, Марк Маркез, ќе биде целосно подготвен за претстојниот тркачки викенд на шпанската патека Херез. Ова го објави главниот инженер на Дукати, Џиџи Дал'Игна

Прегледи:

Датум:

Светскиот шампион во Мото ГП, Марк Маркез, ќе биде целосно подготвен за претстојниот тркачки викенд на шпанската патека Херез. Ова го објави главниот инженер на Дукати, Џиџи Дал’Игна.

„Јасно е дека Маркез имаше сериозна повреда, тој пропушти пет трки на крајот од минатата сезона“, објасни Италијанецот за moto.it. „До неодамна тој сè уште се опоравуваше. Но, мислам дека се справува добро и мислам дека ќе биде 100 проценти подготвен за Херез.“

Последната повреда на Марк минатата година, пропуштените трки и неговото долго закрепнување на почетокот на сезоната 2026 ги поттикнаа гласините дека Шпанецот ќе се пензионира од спортот на крајот од тековната сезона.

Дал’Игна покажа висок борбен дух пред стартот на шпанската патека.

„Фактот што другите напредуваа не е изговор за Дукати“, рече тој и додаде: „Тука сме да се бориме за победа, па затоа мора да го направиме нашиот мотор повторно стандард во Мото ГП. Имаме нови работи, по трката ќе имаме тест во понеделник на истата патека, за време на викендот ќе пробаме и некои нови работи, имаме многу идеи, сега треба да провериме кои функционираат, а кои не.“

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...