Хонда без многу надеж за Астон Мартин пред трката во Мајами

Доставувачот на мотори за Формула 1 на Астон Мартин, Хонда, објави напредок во развојот на погонскиот склоп по Големата награда на Јапонија, но не му даде многу надеж на британскиот тим за претстојната Голема награда на Мајами.

Прегледи:

Датум:

Доставувачот на мотори за Формула 1 на Астон Мартин, Хонда, објави напредок во развојот на погонскиот склоп по Големата награда на Јапонија, но не му даде многу надеж на британскиот тим за претстојната Голема награда на Мајами.

Генералниот директор на Хонда за операции на патеката, кој е и главен инженер на проектот Формула 1, Шинтаро Орихара, коментираше за чувствителната тема.

„Беше долг, но интензивен период помеѓу трките, со многу работа што се извршуваше заедно со Астон Мартин, и во Јапонија и во Велика Британија“, објасни Орихара.

„Гран При на Јапонија покажа дека работиме во вистинската насока и тоа ни помогна да ја најдеме мотивацијата да продолжиме да се бориме. По трката, ја искористивме можноста да задржиме еден од автомобилите AMR26 со нас за дополнително тестирање vo Сакура, што беше прв пат да го правиме ова, и се фокусиравме на намалување на вибрациите и подобрување на сигурноста. Направивме напредок што ќе ни овозможи да користиме нови контрамерки во Мајами и подоцна во сезоната (против вибрации). Реално, овој напредок нема да има видлив ефект врз перформансите на погонскиот склоп на патеката, но не треба да очекуваме големи скокови напред тука.“, додаде тој.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...