Мајами е статистички најслабата трка на Луис Хамилтон

Во својата кариера во Формула 1, Луис Хамилтон се натпреварувал на вкупно 38 различни патеки, а седумкратниот светски шампион имал барем една победа на 31 од нив.

Прегледи:

Датум:

Во својата кариера во Формула 1, Луис Хамилтон се натпреварувал на вкупно 38 различни патеки, а седумкратниот светски шампион имал барем една победа на 31 од нив.

Седумте патеки каде што Британецот немал ниту една победа се: Маникур во Франција, Јеонгам во Јужна Кореја, Буде во Индија, Зандворт во Холандија и градските патеки во Валенсија, Лас Вегас и Мајами. Од овие седум патеки, статистички најслабата на актуелниот возач на Ферари е Мајами, каде што никогаш не завршил меѓу првите 5 во трка.

Во своите четири настапи во Јужна Флорида, Хамилтон има три шести места со Мерцедес во 2022, 2023 и 2024 година, а пред 12 месеци заврши осми со Ферари. Единствената друга патека каде што седумкратниот шампион не завршил на подиумот е Буде, каде што има барем еден пласман меѓу првите пет, со четврто место во 2012 година за Мекларен.

На секоја друга патека каде што Хамилтон никогаш не победил, тој завршил на подиумот барем еднаш.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...