Синер помина 85 минути на теренот и се пласираше во финалето во Мадрид, таму го чека Зверев

Светскиот број еден, Италијанецот Јаник Синер, го победи Французинот Артур Филс (ATP - 25-ти) со 6-2, 6-4 и се пласираше во финалето на Мастерс 1000 турнирот во Мадрид на земјена подлога, а во недела ќе се обиде да стане првиот играч во историјата што освоил пет последователни титули од Мастерс 1000.

Прегледи:

Датум:

Светскиот број еден, Италијанецот Јаник Синер, го победи Французинот Артур Филс (ATP – 25-ти) со 6-2, 6-4 и се пласираше во финалето на Мастерс 1000 турнирот во Мадрид на земјена подлога, а во недела ќе се обиде да стане првиот играч во историјата што освоил пет последователни титули од Мастерс 1000.

Со денешната победа, Синер стана само четвртиот тенисер кој стигнал до финалето на сите девет тековни турнири Мастерс 1000, придружувајќи им се на Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер. Сепак, Италијанецот може да се пофали дека го постигнал овој подвиг најбрзо – на 24-годишна возраст.

Ова беше негова 27-ма последователна победа на Мастерс турнирот и е четири помалку од рекордот на Новак Ѓоковиќ.

„Многу сум задоволен од мојот настап денес. Денес беше навистина добар ден во канцеларијата“, рече Синер веднаш по полуфиналниот натпревар кој траеше 85 минути.

Италијанецот за противник во финалето ќе го има вториот носител и двократен освојувач на титулата во Мадрид, Германецот Александар Зверев, кој го совлада најпријатното изненадување на овогодинешниот турнир, Белгиецот Александар Блокс со 6:2, 7:5 во сетови.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...