Маркез ја прослави својата 20-та спринт победа во кариерата

Возачот на Дукати, Марк Маркез, беше најбрз на спринтот одржана во Арагон, Шпанија, како дел од 13-тата трка од МотоГП шампионатот . Деветкратниот светски шампион со тоа ја забележа својата петта спринт победа во сезоната, и рекордна 20-та во неговата кариера

Прегледи:

Датум:

Возачот на Дукати, Марк Маркез, беше најбрз на спринтот одржана во Арагон, Шпанија, како дел од 13-тата трка од МотоГП шампионатот . Деветкратниот светски шампион со тоа ја забележа својата петта спринт победа во сезоната, и рекордна 20-та во неговата кариера.

Маркез победи со една секунда разлика пред својот помлад брат Алекс, кој ги брани боите на Гресини. Подиумот го комплетираше возачот на Априлија, Марко Бецеки, кој ја освои пол-позицијата претходно во текот на денот.

Италијанецот заврши две секунди зад бранителот на титулата.

Бодови освоија и четвртопласираниот Педро Акоста од Ред Бул КТМ Фактор Рејсинг, петтопласираниот Хорхе Мартин од Априлија, шестопласираниот Фермин Алдегер од Гресини, седмиот Диого Мореира од Про Хонда ЛЦР, осмиот Раул Фернандес од Трекхаус и деветтопласираниот Жоан Зарко од Кастрол Хонда ЛЦР.

Мартин останува прв во генералниот пласман со 245 бода, 29 повеќе од второпласираниот Бецеки и 33 повеќе од третопласираниот Марк Маркез.

Гран При на Арагон се одржува во недела во 14 часот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Стојановски: Победата против Австрија е единствениот императив пред нас

Лука Стојановски е еден од најстандардните македонски репрезентативци во...

Волф: Верстапен би ја имал истата слобода во Мерцедес како што има во Ред Бул

Тото Волф верува дека Макс Верстапен би имал иста...

Борнмут пропушти победа против Евертон, Хал со „два од два“

Борнмут и Евертон ремизираа 1-1, додека Хал забележа уште...

Бундеслига: Шокантен пораз за Леверкузен, Лајпциг убедлив

Сензација на почетокот од Бундеслигата - повратниците во елитното...