Норис: Ова не е тркање, ова е јојо

Асот на Мекларен е еден од многуте кои не се задоволни од новите автомобили и нивните перформанси, иако го престигна Луис Хамилтон на целта

Прегледи:

Датум:

Ландо Норис, актуелниот шампион во Формула 1, заврши петти на Големата награда на Јапонија на „Сузука“.

Асот на Мекларен е еден од многуте кои не се задоволни од новите автомобили и нивните перформанси, иако го престигна Луис Хамилтон на целта.

„Искрено, дури и не помислив да го нападнам Луис. Сепак, во еден момент батеријата ми се наполни, надвор од моја контрола. Го престигнав, иако не ги контролирав работите. Ова не е трка, ова е јојо. Иако Луис вели дека не е, така е. Суштината е дека возачот треба да го контролира автомобилот, а во Формула 1 тоа не е случај“, рече Норис.

Британецот вели дека реалноста во најбрзиот караван не е баш најдобра.

„Тркањето можеби им изгледа интересно на некои на телевизија, но верувајте ми, во автомобилот не е така. Не е автентично како што треба да биде“, заклучи Норис.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...