Сезоната 2026 сигурно не започна добро за Ред Бул, кои се далеку од лидерите во Формула 1 и повеќе се во битката на средина од патеката.
Во првите три трки од годината во Австралија, Кина и Јапонија, просечната разлика помеѓу „биковите“ во квалификациите беше 0,97 секунди, а во трките сликата е уште позастрашувачка – просечен дефицит од 1,26 секунди. Поглед назад во времето покажува дека последниот пат кога Ред Бул беше толку далеку од челото беше во 2015 година.
Потоа темпото повторно го постави Мерцедес, а „биковите“ имаа просечен дефицит од 1,18 секунди во квалификациски услови. Интересно е што една година претходно, кога беа воведени турбо-хибридните погонски склопови, дефицитот на Ред Бул во однос на Мерцедес беше помал, 0,83 секунди, што беше повеќе од доволно за Ред Бул да бидат вториот најбрз тим во 2014 година.
Во раните години од ерата на турбо-хибридите, голем дел од дефицитот на Ред Бул доаѓаше од многу слабиот погонски склоп на Рено, кој беше значително инфериорен во однос на оние на Мерцедес и Ферари. Сега, сепак, податоците од првите три трки покажуваат дека Ред Бул демонстрира многу добра брзина на правците, но губи многу во кривините, што само докажува дека RB22 едноставно нема доволно тракција во оваа фаза.
Ова е всушност добра вест, бидејќи бришењето на овој дефицит се случува многу побрзо во споредба со подобрувањето на погонскиот склоп.


