Васер: Луис изгуби 1 секунда поради Леклер

Шефот на Ферари, Фредерик Васер, ја коментираше ситуацијата во која Шарл Леклер го одложи своето запирање во боксот за еден круг, што предизвика незадоволство кај Луис Хамилтон, кој инсистираше неговиот тимски колега да го пушти да продолжи напред

Прегледи:

Датум:

Шефот на Ферари, Фредерик Васер, ја коментираше ситуацијата во која Шарл Леклер го одложи своето запирање во боксот за еден круг, што предизвика незадоволство кај Луис Хамилтон, кој инсистираше неговиот тимски колега да го пушти да продолжи напред.

„Луис и јас првично мислевме дека тој ќе вози со тврди гуми до крајот на трката, пред последните запирања во боксот“, објасни Васер.

„Мислам дека тоа би била добра одлука. Можеби Луис изгуби 1 секунда додека го следеше Шарл. Но, нашата цел не е само да стигнеме до целта, но по запирањето во боксот, трката продолжи во нова насока.“, додаде тој.

Луис Хамилтон, пак изјави дека доцнењето на неговиот колега, Шарл Леклер да влезе во боксот, можело да го чини место на подиумот на ГН на Холандија во недела.

Хамилтон во тоа време преку радио рече: „Одличен начин за губење време, момци. Одлична работа.“

Трката ја заврши на четвртото место и падна на третото место во шампионатот на возачи, зад Џорџ Расел.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Пет години саудиски Њукасл: 1,3 милијарди евра во потписи, милиони загуби и стадион продаден сам на себе

Поминаа пет години откако Саудијците го купија Њукасл. Во...

НАСКАР ќе состави 80 тркачки автомобили за продолжение на култен филм

Извршниот директор на НАСКАР, Стив О'Донел, откри големи планови...

Шефот на Рено: Губиме пари, но Алпин ќе остане во Формула 1

Извршниот директор на групацијата Рено, Франсоа Прово, потврди дека...

Мекларен подготвуваат нови подобрувања за оваа сезона

Во последните 4 трки, Мекларен освои најмалку поени меѓу...