Махачев откри зошто пропадна борбата со Топурија

Триесет и четири годишниот актуелен шампион во полусредна категорија на UFC, Ислам Махачев, ги откри причините зошто неговата борба против непоразениот шампион во лесна категорија (до 70 кг) Илја Топурија не беше вклучена во програмата на турнирот на организацијата во Белата куќа

Прегледи:

Датум:

Триесет и четири годишниот актуелен шампион во полусредна категорија на UFC, Ислам Махачев, ги откри причините зошто неговата борба против непоразениот шампион во лесна категорија (до 70 кг) Илја Топурија не беше вклучена во програмата на турнирот на организацијата во Белата куќа.

„Веќе имав објава на оваа тема. Ме контактираа и ја потврдија борбата – не добив договор, но дадов усна согласност. Следниот ден ме информираа дека противникот побарал претерано висок надомест, а UFC ги одби условите. Па така борбата беше откажана“, изјави Махачев за медиумите.

Махачев моментално е во серија од 16 победи во UFC, со вкупен резултат од 28 победи и еден пораз. Во неговата последна борба, одржана на UFC 322 во Њујорк, тој се соочи со Австралиецот Џек Дела Мадалена во натпревар за титулата во полусредна категорија. Мечот заврши со победа на Махачев со едногласна одлука.

Од своја страна, Топурија има совршен биланс во својата професионална кариера – 15 победи од 15 натпревари, од кои голем дел се постигнати пред последното ѕвонче.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...