📸Наскоро полни 40 години: Ана Ивановиќ го честита Велигден во костим за капење

Поранешната најдобра тенисерка на светот, Ана Ивановиќ, ужива на плажа, во потоплите делови од светот, а со оглед на тоа што Велигден се слави според грегоријанскиот календар, таа ја искористи можноста да прикачи честитка на жешка фотографија

Прегледи:

Датум:

Судејќи само според нејзината содржина на социјалните мрежи, можеме да заклучиме дека Ана Ивановиќ ужива во животот до максимум. Дури ни болниот развод од Бастијан Швајнштајгер не ја спречува да патува низ светот и да објавува фотографии од егзотични дестинации.

Поранешната тенисерка е на топло место, на плажа, каде што позираше во костим за капење, покажувајќи ги своите зачудувачки облини. Никој никогаш не би претпоставил дека наскоро полни 40 години.

View this post on Instagram

A post shared by Ana Ivanović (@anaivanovic)

Таа ја искористи и можноста да им го честита Велигден на оние кои го слават според Грегоријанскиот календар, ширејќи позитивна енергија како и секогаш.

„Уживам во прекрасното време. Среќен викенд и Велигден на сите што слават“, напиша Ана на својот Инстаграм профил.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Бекам ќе добие ѕвезда на Холивудската патека на славните

Дејвид Бекам, поранешната легенда на Манчестер Јунајтед и сегашен...

Тиаго: Да го претставувам Бразил е најголемото достигнување во мојот живот

Напаѓачот на Бразил и Брентфорд, Игор Тиаго, одржа прес-конференција...

Дамфрис ги помина медицинските прегледи за трансфер во Реал Мадрид

Реал Мадрид денес официјално го извести Интер Милан дека...

Дешан за критиките кон Мбапе: „Разговаравме…“

Францускиот капитен Килијан Мбапе е во врвна форма, и...