Ова е девојката обвинета за организирање проституција за фудбалери од Серија А

Италијанската јавност е шокирана од апсењето на Дебора Ронки, жената за која се сомнева дека е „мозокот“ зад една од најобемните мрежи на елитна проституција во Милано

Прегледи:

Датум:

Италијанската јавност е шокирана од апсењето на Дебора Ронки, жената за која се сомнева дека е „мозокот“ зад една од најобемните мрежи на елитна проституција во Милано. Заедно со својот сопруг Емануеле Бутини, Дебора организирала „пост-натпревар“ забави за ѕвездите од Серија А, кои вклучувале луксузни хотели, придружба и забранети супстанции.

Дебора ги рекламирала услугите на својата агенција на својот Инстаграм профил, барајќи „млади соработници со добри комуникациски вештини“. Всушност, овие девојки биле придружнички на кои клиенти им плаќале илјадници евра, вклучувајќи светски познати фудбалери.

Истражителите открија дека Дебора била немилосрдна: таа земала 50 проценти од заработката на девојките и, покрај тоа, им наплаќала за сместување во зградата каде што се наоѓала агенцијата. Само пет дена пред полицијата да тропне на нејзината врата и да ѝ нареди домашен притвор, Дебора се фалела на социјалните мрежи со видеа од Сен Тропе, каде што таа и нејзиниот сопруг уживале во најскапиот шампањ.

Посебен дел од „понудата“ било таканареченото „балонирање“ – консумирање на смешен гас од балон. Фудбалерите го сакале затоа што им предизвикувало еуфорија, а не може да се открие на допинг тестовите по натпреварите.

Сè започна со сведочењето на една од девојките која одлучи да ги пријави Дебора и Емануеле во август 2024 година. Таа откри дека забави со ескорт дами се организираат секојдневно, дури и за време на најстрогиот карантин поради пандемијата на коронавирус.

– Ронки и Бутини задржуваа половина од парите. Колумбијка беше принудена на проституција за 1.000 евра во 2022 година, а таа доби само 500 – се вели во сведочењето потврдено од полицијата во Милано.

Финансиската полиција заплени околу 1,2 милиони евра во оваа операција, а се сомнева дека прометот на агенцијата бил многу поголем. Дебора Ронки моментално е во домашен притвор, додека обвинителите продолжуваат да „чешлаат“ контакти и трансакции што водат до самиот врв на италијанскиот фудбал.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тиаго: Да го претставувам Бразил е најголемото достигнување во мојот живот

Напаѓачот на Бразил и Брентфорд, Игор Тиаго, одржа прес-конференција...

Дамфрис ги помина медицинските прегледи за трансфер во Реал Мадрид

Реал Мадрид денес официјално го извести Интер Милан дека...

Дешан за критиките кон Мбапе: „Разговаравме…“

Францускиот капитен Килијан Мбапе е во врвна форма, и...

Мурињо ја информирал Управата: Три ѕвезди мора да бараат нов клуб

Жозе Мурињо ги направи првите решителни чекори откако се...