Скандал ја тресе Серија „А“: Фудбалери вмешани во мрежа за проституција, една ноќ за „цел пакет“ чинел илјадници евра

Италијанската јавност, а особено локалниот фудбал, е потресен од невиден скандал откако Обвинителството во Милано започна истрага за подведување и експлоатација на проституција во самото срце на ноќниот живот во Милано. Според истрагата, неколку фудбалери од елитната Серија А биле меѓу редовните клиенти на оваа криминална мрежа

Прегледи:

Датум:

Италијанската јавност, а особено локалниот фудбал, е потресен од невиден скандал откако Обвинителството во Милано започна истрага за подведување и експлоатација на проституција во самото срце на ноќниот живот во Милано. Според истрагата, неколку фудбалери од елитната Серија А биле меѓу редовните клиенти на оваа криминална мрежа!

Истрагата водена од Економската и финансиската полициска единица во Милано го откри „начинот на работа“ на група која работела под маската на компанија за организација на настани со седиште во Чинисело Балсамо.

На клиентите, меѓу кои имало неверојатно богати претприемачи, но и значителен број фудбалери од највисоките ешалони на италијанскиот фудбал, им бил понуден таканаречениот „цел пакет“. Овој аранжман вклучувал: резервации и ноќно излегување во најпознатите клубови, сместување во луксузни хотели и услуги на професионални ескорт дами.

Цената на ваквите вечери била неколку илјади евра, а парите се влевале во џебовите на криминалната организација.

Истражната судијка Кјара Валори потпиша наредби за домашен притвор против четири лица осомничени за водење на овој бизнис. Групата регрутирала девојки, од кои некои биле професионални ескорт дами, кои престојувале во седиштето на компанијата, а потоа биле „платени“ да ги поминуваат вечерите со клиенти и да даваат сексуални услуги.

Иако се криеле зад компанија за легални настани, финансиската полиција (Гардија ди Финанца) преку реконструкција на нивниот имот утврдила дека приходите на осомничените биле целосно непропорционални на она што го пријавиле на државата. Всушност, сите пари доаѓале исклучиво од нелегални активности и подведување девојки.

Иако имињата на играчите сè уште не се официјално објавени, италијанските медиуми зујат дека „значаен број“ од клиентите се ѕвезди на Серија А. Полицијата собрала обемни докази и се очекува дека понатамошните истраги би можеле да откријат повеќе детали што ќе фрлат голема сенка врз италијанскиот фудбал.

Осомничените се обвинети за помагање и поттикнување на проституција, експлоатација, како и перење пари стекнати преку овие кривични дела.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...